Олимпијакос и Партизан одиграа извонредно драматичен натпревар во Евролигата во кој на крајот Грците славеа по продолжение.
Но, навивачите на Партизан сметаат дека нивниот тим е оштетен од судиите во регуларниот дел од мечот, затоа што неоправдано го прекинаа нападот на црно-белите при водство од 83-82 на Олимпијакос.
Имено, судиите досудија вратена топка од страна на Кевин Пантер, но од видео-снимките се гледа дека кошаркарот на Партизан ја отфрла топката кон соиграч пред да навлезе во сопствената половина. Ако се оставаше нападот на Партизан да трае белграѓани можеа да дојдат и до поени за победа.
Da li je Partizan oštećen u Pireju? pic.twitter.com/MDhrT3YCS5
— Basketball Sphere (@BSphere7) October 19, 2023
Навивачите на Партизан се лути и на тренерот Жељко Обрадовиќ кој останал нем во таа ситуација не барајќи челенџ за проверка на одлуката на судиите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА