Лука Модриќ и тоа како посакува максимално активно да ја заврши оваа сезона како на крајот би бил во комплетно натпреварувачка форма за настап на Европското првенство 2024 со Хрватска, што би било за него последно големо натпреварување.
Но, факт е дека Модриќ се помалку ја добива довербата од Анчелоти во Реал Мадрид, поради што се погласни, пак, се шпекулациите за негово заминување од клубот. Не е мал бројот и на сериозно заинтересирани европски клубови за неговите услуги, меѓу кои последен сега се јавува Манчестер јунајтед.
Според информациите од Англија, лесно би можело Модриќ да се врати на Островот каде пружи одлични партии како играч на Тотенхем пред да оди во големиот Реал.
Јунајтед бара квалитетни и искусни играчи во зимскиот преоден рок поради што фокусот е на Модриќ. Главен проблем за Модриќ е тоа што „црвените ѓаволи“ со последни во групата во Лигата на шампионите па лесно може да се случи да го пропуштат пролетниот настап во ЛШ што не му одговара на хрватскиот репрезентативец. Но, според Шпанците, Јунајтед ќе се обиде да го убеди Модриќ со висока плата и одредени дополнителни повластувања, како и фактот дека ќе го очекува нов предизвик во тим како Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

