Извонредниот Џуд Белингам е единствената причина зошто Реал Мадрид не го чувствува заминувањето на Карим Бензема оваа сезона. Но, јасно им е и на Флорентино Перез и на сите во клубот дека мора да се донесе сериозно офанзивно решение како би се сакало да се одржи „кралското ниво“ на клубот во иднина.
Токму затоа Флорентино Перез, како што пишуваат шпанските медиуми, со сите сили се бори во редовите на Реал Мадрид да го донесе 23-годишниот аргентински офанзивец од редовите на Манчестер сити, Хулиан Алварез.
Момчето проценето на 80 милиони евра има договор со Сити до јуни 2028 година, но „кралевите“ се подготвени за откупна клаузула да го активираат токму спомнатиот износ.
А, јасно е дека повикот од Реал Мадрид тешко се одбива за што Алварез и претходно во неколку интервјуа има нагласено. Па, токму тоа е и тоа како сериозна грижа за Пеп Гвардиола кој лесно на зима или најдоцна до јуни 2024 година, какви се плановите на Реал, да остане без Аргентинецот.
🚨 Julián Álvarez is interested in a move to Real Madrid and the Spanish club are willing to pay around €80m for the foreword.
(Source: @Sebasrur) pic.twitter.com/A89nh3Lsg2
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 20, 2023
Алварез сезонава настапи на 13 натпревари за тимот од Етихад, постигнувајќи шест гола а дополнети и со пет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

