Барселона во Манчестер ја најде замената за Левандовски

Напаѓачот на Манчестер Сити, Хулиан Алварез е цел на Барселона. Каталонскиот гигант веќе планира да најде замена за Левандовски, кој веќе има 35 години, и не му останува многу фудбал на високо ниво.

Тренерот Чави сака да го има во составот Аргентинецот, кој не добива многу шанси во Сити пред се поради тоа што таму прв избор е Ерлинг Халанд.

Барселона веќе го зема бразилското чудо од дете Виктор Роке, но му треба уште еден голгетер. Шпекулациите дека Левандовски во секој момент може да замине во Саудиска Арабија, само уште повеќе го подгреваат интересот на Барселона кој проверено име. Со оглед на минутажата која ја добива во Сити, не би било чудно доколку уште во јануари Алварез се пресели на „Ноу Камп“.

Претходно поради Халанд од Сити замина Габриел Жесус, и неговиот трансфер во Арсенал се покажа како полн погодок, бидејќи на „Емирати“ добива далеку поголема минутажа од она кое го имаше кај „граѓаните“.

Се вчитува...