Реал Мадрид до крајот на месецот ќе ги продолжи договорите на петмина свои играчи. Нови повеќегодишни договори ќе добијат Винициус, Милитао, Камавинга, Валверде и Родриго. Исто така сите ќе добијат поголеми плати и во договорите ќе има и откупна клаузула, веројатно од милијарда евра.
Винициус ќе го продолжи договорот до 2027 година, додека останатите четворица ќе продолжат до 2028 година. Реал на продолжување на договорите на овие петмина играчи работи веќе една година. Сега е постинат договор со сите наведени.
„Кралевите“ размислуваат што да прават со играчите кои веќе имаат повеќе од 30 години. За Лука Модриќ денеска се појави информација дека на 38 години би можел да се пресели на „Олд Трафорд“, со оглед дека се помалку добива шанса за настап по доаѓањето на Џуд Белингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

