Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг призна дека Андре Онана има лош почеток на својот престој на „Олд Трафорд“ после многуте грешки, додавајќи дека и самиот голман е свесен за неговите лоши перформанси.
Сепак, Холанѓанецот ги еде како пример Питер Шмајхел и Давид Де Геа, кои и покрај лошите почетоци, станаа легенди на клубот.
„Онана знае дека до сега не бил доволно добар. Знаеме и јас и тој дека може многу повеќе. Како и секој играч кој ќе дојде тука, му треба период на адаптација. Лошо стартуваа и некои други голмани во историјата на Јунајтед како Шмајхел или Де Геа. Андре го знае тоа, и знае каква е историјата. Своите квалитети веќе ги покажа во Ајакс и Интер, и сигурен сум дека и тука може да прави одлични работи“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

