Шок и неверување кај елитните возачи на Формула 1 по најновата одлука на Светската автомобилска федерација ФИА да ги золеми казните до 1 милион евра во случај да бидат прекршени правилата.
ФИА соопшти дека казната која може да им биде изречена на екипите и на возачите се зголемува четирикратно.
„Не ми е јасно што треба да се направи да се добие казна од 1 милион евра“, реагира возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Тој наведе дека станува збор за „многу пари“, додавајќи дека „некои возачи заработуваат помалку од тој износ“.
Возачот на Хас, Кевин Магнусен ја нарече одлуката на ФИА „смешна“, а Даниел Рикардо од тимот Алфа Таури рече дека одлуката на ФИА е „застрашувачка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА