Кратко траеше авантурата на Самарџиев во Словачка

Еден од најдобрите македонски кошаркарски стратези Горан Самарџиев повеќе не е  тренер на словачкиот прволигаш Комарно откако денеска со взаемен договор ја прекина соработката со клубот.

Според информациите од Словачка, причина за раскинот на соработката е намалувањето на буџетот за оваа сезона поради што Комарно веќе ослободил неколку од странските кошаркари.

На пет натпревари Самарџиев имаше скор од четири победи и еден пораз во овој клуб.

Се вчитува...