Ѓоковиќ и Алкараз на голем удар на светската јавност

Веста дека на егзибицискиот меч во Ријад ќе играат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, двајцата од најдобрите тенисери во светот, не наиде на одобрување во јавноста.

Србинот и Шпанецот 26. и 27. декември ќе ги поминат во Ријад, потврди тамошниот министер во владата Турки Абдул Мухсен Алалшик.

Ѓоковиќ наводно ќе заработи повеќе од милион долари, а се очекува слично обештетување и за Алкараз. Мечот меѓу двајцата е она што го посакуваат сите љубители на тенисот, особено по епското финале во Синсинати.

Сепак, оваа вест не им се допаѓа на сите, па многумина на социјалните мрежи ги критикуваа двајцата тенисери. Како и секогаш, најмногу замерки во однос на Саудиска Арабија се однесуваат на непочитувањето на човековите права и дека тие се „перат“ преку спортот.

Се вчитува...