Ветеранот уште пред почетокот на минатата сезона најави крај на спортската приказна, но Стеф Кари му се јави и го убеди да одигра уште една сезона. Игудала тогаш потпиша едногодишен договор со Голден Стејт, но одигра само осум натпревари поради повредите на колкот и зглобот.
Тој кариерата во НБА ја почна во 2004 година, кога беше драфтуван од Филаделфија, каде што ги мина првите осум години од кариерата, потоа премина во Голден Стејт каде три пaти беше шампион пред преминувањето во Мајами Хит. По неговото враќање во Вориорс во 2022 година тој ја освои и последната четврта титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

