Oдигра нешто повеќе од 130 минути, а неговите дресови се продаваат подобро од тие на Мбапе

Јужнокорејецот Канг-ин Ли   летово од Мајорка дојде во ПСЖ во трансфер вреден нешто повеќе од 20 милиони евра. Детето на Валенсија, каде мина повеќе од седум години, дојде во Мајорка пред две години, а по само една сезона потпиша за францускиот гигант.

Овој крилен напаѓач оваа сезона одигра само 132 минути за ПСЖ бидејќи многу брзо се повреди. Сепак, во тие 132 минути и неколку месеци во Париз направи голема работа. Имено, неговите дресови се продаваат подобро од оние на Мбапе, но и од другите ѕвезди на ПСЖ.

„Корејецот Канг-ин Ли е играчот на ПСЖ со најмногу продадени дресови со неговото име. Малку зад него е Мбапе“, пишуваат француските медиуми.

Се вчитува...