Папу Гомез се соочува со неславен крај на кариерата откако аргентинскиот фудбалер и официјално беше казнет со двогодишна забрана за играње фудбал поради позитивниот допинг тест уште од октомври 2022 година.
Скандалот беше обелоденет денеска, при што беше потврдено дека Гомез бил позитивен на тербуталин. Фудбалерот тврдеше дека супстанцата била дел од лекот што го земал против бронхитис во тој период, но тоа не му донесе никакво помилување откако денеска неговиот нов клуб Монца потврди дека и официјално е изречена двогодишна суспензија за екс-фудбалерот на Аталанта.
„Сакаме да објавиме дека добивме информација од ФИФА, преку Италијанската Фудбалска Федерација, за првата казна изречена за нашиот фудбалер Алехандро Папу Гомез. Казната се состои од двогодишна дисквалификација од сите фудбалски активности, откако во неговиот организам биле најдени траги од тербуталин“, објави Монца со клупско соопштение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

