Македонската кикбокс Маи Таи федерација предводена од претседателот Дејан Митровски – Урко од денеска па до недела ќе учествува на Балканскиот куп во Тешањ, БиХ.
На шампионатот македонската репрезентација ќе ја претставуваат 85 натпреварувачи придружувани од 26 тренери, а дополнети и со четворица судии, од 16 клубови членки на КМФМ.
Македонија ќе ја претставуваат натпреварувачи од кикбокс клубовите: Шампион, Аждер, Тим Зоран, Гладијатор Штип, Енерџи, Патриот, Работнички, Самурај Битола, Ас Делчево, Куманово 2006, Максам, Врапчиште, Гладијатор Скопје, Гладијатор Неготино, Титан и Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА