Брант со гол на супер-јубилејот, Борусија Дортмунд е лидер во Бундес-лигата

Борусија Дортмунд славеше со 1-0 над Вердер, за три бода со кои „милионерите“ се искачија на првото место на табелата. Ова беше петта победа во низа за актуелниот вицешампион, кој сега има еден бод повеќе од досегашниот лидер Баер Леверкузен, кој утре ќе го игра својот меч од осмата рунда.

Денешниот натпревар го реши Јулијан Брант, германскиот репрезентативец кој славеше извонреден јубилеј, 300 натпревари во Бундес-лигата. Брант на 27 години и 171 ден стана трет најмлад играч со ваков јубилеј во елитното германско друштво (зад КарлХајнц Кербел и Ајке Имел), а прославата ја круниса со победничкиот гол, откако беше мајсторски проигран од Емре Џан, по што рутински ја смести топката во мрежата.

Вердер имаше шанса за израмнување, но во финишот блесна домашниот голман Кобел, кој со одлична интервенција ги сочува трите бода за Борусија.

Се вчитува...