Мото ГП: Зарко стигна до првата победа во кариерата

Возбудливата завршница на сезоната во Мото ГП се ближи кон крајот, а не разочара ниту 16-тата трка во сезоната.

Возачот на Прамак Дукати, Жоан Зарко дојде до првата победа во кариерата во елитната серија, откако триумфираше на ГН на Австралија со време 40:39.446. До победата дојде во последниот круг од трката.

Второто место го совои Франческо Бањаја на Дукати, додека Фабио Ди Џанантонио од Гресини заврши на подиумот. Биндер заврши на четвртото место, Мартин на петото, додека првите 10 ги комплетираа Бецеки, Милер, Епаргаро, Маркез и Бастијанини.

До крајот на сезоната остануваат уште четири трки. Бањаја води во генералниот пласман со 346 бода, Мартин има 328, додека Бецеки досега има освоено 283 поени.

Се вчитува...