Леклер со пол позиција во Тексас, Ферстапен на шестото место

Шарл Леклер беше најбрз во квалификациите за ГН на САД во кој во одличен завршен дел беше подобар од Нандо Лорис и Луис Хамилтон, додека Макс Ферстапен заврши на шестото место.

Леклер беше најбрз после првите три обиди со време 1:34.829, 0,056 секунди пред Хамилтон и две десетинки пред Ферстапен. Во следните обиди Леклер го поправи своето време, а потоа Ферстапен го надмина, но избришан му е последниот круг.

Тоа значеше дека Ферстапен ќе стартува како шести зад Леклер, Норис, Хамилтон, Сајнц и Расел, што му се најлоши квалификации после Сингапур.

Се вчитува...