Лапорта: Историјата на Барселона нема нечистотии, имам лоши вести за навивачите на Реал Мадрид

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона е оптимист во поглед на моменталната ситуација на клубот во која се наоѓа. Тој се обрати на членовите на клупското собрание, и порача дека Барселона ќе оддолее и покрај тоа што има многу напади од страна.

Лапорта кажа дека најлошото е веќе зад клубот, и дека сега само следуваат успеси. Го коментираше случајот „Негреира“, за кој кажа дека е кампања против клубот.

„Да работевме како компанија, веќе ќе банкротиравме. Сето тоа е како последици од наследените проблеми од минатата управа, не бевме во можност да ги платиме долговите од 1,3 милиони евра на име плати на вработените. Сега го спасивме клубот од трагедија“, рече Лапорта, и се сврте кон аферата „Негреиро“.

„Историјата на Барселона нема нечистотии. Ова е најжестокиот напад на нашиот клуб. Барселона и случајот „Негреиро“? Кампања без преседан. Не смееме тоа да го дозволиме. Без оглед на колку ќе бараат, нема да најдат докази затоа што не сме направиле ништо за кое сме обвинети. Се држат на хипотези дека во прашање е исплата на некој човек кој требало да ангажира судии да судат во наша корист. Тоа мора да се докаже. Ние им ги понудивме нашите доакзи. Не можат ништо да докажат затоа ѓто немаат ништо, а сето тоа се користи да се наштети на угледот на клубот“, рече Лапорта.

Се осврна и на својот најголем ривал, Реал Мадрид.

„Имам лоша вест за навивачите на Реал Мадрид. Барселона повторно ќе биде најсилна“, коментираше Лапорта.

Се вчитува...