„Белингем е најдобар во светот во моментов“

Фабио Капело, легендарниот тренер на Милан, Рома, Реал Мадрид, го спореди Џуд Белингем со Лионел Меси. Капело смета дека на негова возраст е најдобриот играч на светот во моментов.

Тој вели дека ваква игра на негова возраст и натаму нема видено од ниту еден играч.

„Белингем е најдобар играч на светот. Тој има се, нема недостатоци. Неговата визија за игра е неверојатна. Белингем има 20 години. Ваква игра на оваа возраст сум видел само од Лео Меси. Имаше 16-17 години кога со Јувентус игравме против Барселона за Купот Гампер“, рече Капело.

Белингем по трансферот во Реал, постигна 10 гола и три асистенции во 10 натпревари за „кралевите“.

Се вчитува...