Тажен ден во светот на фудбалот, особено за Манчестер Јунајтед. Почина најголемиот играч во историјата на овој клуб, Сер Боби Чарлтон. Чарлтон почина на 87-годишна возраст.
Легендарниот фудбалер беше дел од експедицијата која ја преживеа трагедијата во Минхен 1958 година, а во 1968 година го освои пехарот во Лигата на шампионите.
Чарлтон важи за најголемиот играч на „Црвените ѓаволи“, носејќи го дресот дури 758 пати, додека за Англија играше на 106 натпревари. Беше член на Гордиот Албион во 1966 година во победата на Светското првенство.
„Со голема тага ја споделуваме веста дека Сер Боби почина мирно во раните утрински часови ова сабота. Беше опкружен со својата фамилија“, стои во соопштението на семејството.
Sir Bobby Charlton CBE, 1937-2023.
Words will never be enough.
— Manchester United (@ManUtd) October 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

