Екипата на Баер Леверкузен ја задржа челната позиција на табелата во Бундеслигата, откако триумфираше над Волфсбург со 1-2. „Фармацевтите“ уште еднаш ја покажаа својата класа, и дека се сериозни кандидати да го симнат Баерн Минхен од шампионскиот трон.
Леверкузен дојде до водство со голот на Фримпонг во 13. минута. На 1:1 израмни Лакроа во 41. минута, што беше резултат на полувремето.
Во вториот дел Грималдо донесе ново водство за гостите, што беше и конечен резултат на средбата.
Штутгарт продолжува со одличните партии сезонава, откако на гости го совлада Унион Берлин со убедливи 0-3. Гираси продолжува да ги решета мрежите во Германија, и постигна гол во 16. минута. Во 81. минута Силас зголеми, а точка стави Ундв во 88 минута од средбата.
Лајпциг го совлада Дармштад со 1-3 на гости, додека важни бодови освои Фрајбург во дуелот со Бохум (2-1). Ајнтрахт Франкфурт на гости го совлада Хофенхајм со 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

