Манчестер Сити стравуваше до крај, убедлив триумф на Њукасл (ВИДЕО)

Шампионот Манчестер Сити, дојде до минимална победа над Брајтон со 2-1. И покрај тоа што доминираше во целата средба, имаше предност од 2-0, сепак, на крајот стравуваше за победата со оглед дека гостите успеаја да намалат и до крај да се борат да го избегнат поразот.

Хулијан Алварез во 7. минута донесе водство за Сити, а на 2-0 зголеми Халанд во 19. минута. Кога се чинеше дека „граѓаните“ лесно ќе дојдат до победа, Фати во 73. минута ги врати надежите на гостите за добар резултат, но не успеаја да дојдат до уште еден гол за да избегнат пораз.

Екипата на Њукасл продолжува на патот кон врвот со убедливата победа над Кристал Палас со 4-0. Марфи во 4. минута донесе предност, а два гола во финишот на полувремето преку Гордон и Лонгстаф за убедливи 3-0. Во вториот дел Вилсон во 66. минута ги постави конечните 4-0. На мечот играше и Сандро Тонали, кој доби овации од публиката после скандалот со обложување поради кој му се заканува долга суспензија.

Вулверхемптон дојде до важна победа над Борнмут на гости со 1-2. Брентфорд со 3-0 го совлада Барнли, а Нотингем како домаќин имаше предност над Лутон со 2-0, на крајот заврши 2-2.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...