Челси не може до победа ниту кога има 2-0, Арсенал во финишот стигна до бод (ВИДЕО)

Челси имаше голема шанса да слави триумф во градското дерби против Арсенал, меѓутоа „прокоцка“ водство од 2-0 во финишот од средбата. Пред своите навивачи се беше подготвено за славје, но „топчиите“ стигнаа до два гола, а можеа и до трет и до целосен пресврт, но не успеаја.

Палмер во 15. минута од пенал донесе водство, за Мудрик во 48. минута да стрела за сигурни 2-0. Меѓутоа Рајс во 77. минута намали после големата грешка на голманот Санчез, а Тросар во 84. минута израмни и ги шокираше трибините на „Стемфорд Бриџ“.

Во следната акциа Нкетиа беше блиску до гол, но неговиот удар заврши за малку крај голот на Челси.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...