Баерн продолжува да победува, „штиклиран“ и Мајнц (ВИДЕО)

Екипата на Баерн Минхен продлжува да „маршира“ победнички во Бундеслигата, откако вечерва го совлада Мајнц на гостински терен, онаму каде што „Баварците“ во минатите сезони знаеја да пропуштаат бодови.

Меѓутоа овојпат сигурен триумф од 1-3. Уште во 16. минута Коман стрелаше за 0-1, а пет минути подоцна погоди и Кејн носејќи 0-2. Надеж за Мајнц даде голот на Каси во 43. минута.

Сите дилеми околу победникот ги разреши Горецка во 59. минута од средбата за шеста победа на Баерн кој и натаму нема пораз, со тоа што има две ремија.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...