Реал Мадрид само до бод на гости кај Севилја (ВИДЕО)

Иако важеше за фаворит, сепак, Реал Мадрид одигра само 1-1 на гостувањето кај Севилја, и така пропушти два бода. Во првиот дел „кралевите“ дадоа гол, но беше поништен поради офсајд.

Во 74. минута Алаба си постигна автогол за предност на Севилја, додека Карвахал само четири минути подоцна донесе израмнување. 

И со овој бод „кралевите“ се вратија на чело на табелата со три бода предност пред Жирона, и четири пред Барселона.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...