Бутел го „скрши“ Прилеп, Охрид лесно го доби езерското дерби

Бутел славеше победа над Прилеп на домашен терен во 8. коло од ракометната Супер-лига. Скопскиот тим имаше проблеми само во првиот дел, и на стартот од вториот кога прилепшани држеа „егал“.

Клучна беше серијата од 6:0 на средината од вториот дел, односно од 19-18, Бутел стигна до 25-18 и потоа гостите не можеа да се вратат.

Најефикасен беше Николов со седум гола.

Тимот на Охрид славеше во езерското дерби против Струга со 30-20. Охриѓани речиси во целиот тек на мечот имаа предност. На полувремето беше 13-9, а во вториот дел само ја зголемуваа за конечни +10 на крајот.

Се вчитува...