И покрај победата во првиот меч, ГРК Тиквеш е елиминиран од понатамошните натпревари во ЕХФ Купот од австриски Кремс, откако денеска загубија на реваншот со 33-25. Првиот меч кавдарчани го добија со четири разлика (33-29), кои не ги одбранија на реваншот и доживејаа рана елиминација.
Кавадарчани лошо стартуваа, после 10 минути Кремс веќе ја стигна предноста и беше 6-1. Предноста веднаш потрошена, а од крајот на полувремето Тиквеш успеа да дојде до -4 (17-13).
Во вториот дел повторно се тргна лошо за нашиот претставник. Разликата одново зголемена, овојпат на +6, а грешките се редеа кај гостите, што Австријците целосно го искористија.
Потоа дојдоа и до предност осум разлика, што беше почеток на крајот на надежите на тимот од Кавадарци дека може да оди во следната фаза. Натаму беше 31-19 за Австријците, по што следуваше целосно опуштање, па Тиквеш само успеа да намали од предноста и да претрпи само „достоен“ пораз од осум разлика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА