На денот кога Манчестер Јунајтед го загуби еден од најголемите фудбаери во историјата Сер Боби Чарлтон, успеа да оствари тешка победа над последнопласираниот тим Шефилд Јунајтед на гостински терен. Спасителот на Јунајтед е Диего Далот кој во 77. минута постигна гол за триумф од 1-2.
Мектомини во 28. минута го донесе Јунајтед во предност. И кога се чинеше дека, конечно, момците на Тен Хаг ќе стигнат до една лесна победа, Мекбурни од пенал во 34. минута израмни.
Долго време се мачеше гостинскиот тим да дојде до втор погодок, а кога не можеа напаѓачите, тоа му успеа на бекот Далот на 13 минути пред крајот на средбата за важни три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

