Ниту Џенаро Гатузо не е решение на проблемите за Олимпик Марсеј. Тимот вечерва е поразен на гостувањето кај Ница со 1-0. Поразот како пораз и не е проблематичен колку што е играта. Во текот на целиот шут избраниците на Гатузо успеаја да упатат само еден единствен удар во рамките на голот на противникот.
Ница дојде до трите бода благодарение на голот на Гуесан во 80. минута од средбата откако со глава по нафрлена топка ја смести во мрежата на Марсеј и тоа само две минути откако гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Балерди кој доби два жолти картони за три минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА