Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, говореше на панелот „Улогата на тренерите во развојот на мотивацијата кај младите спортисти“, што се одржа во Ниш.
Пешиќ зборуваше на многу теми, а меѓу другото изјави и зошто Германците го освоија златниот медал на СП во Манила каде ја победија Србија.
„Германците имаат бронзен медал од минатата година и некои други успеси од претходно. Зошто? Затоа што имаат апсолутно јасна организација, каде тренерот стои во центарот на сите настани. Во секоја лига имаат професионални тренери, кои имаат договори, здравствено и социјално осигурување и тие се посветени 24 часа. Тренинг, дискусии, пред и после тренинг. Се додека ние во Србија не ја разбереме улогата на тренерот и колку му е важно да си го обезбеди статусот, да може да живее нормално и има нормална плата, веројатно не можеме да направиме чекор напред Ние во Србија мораме да знаеме и прифатиме и да сфатиме дека некој прави нешто подобро од нас. Тешко е да се признае, но само така можеш да напредуваша“, изјави Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА