По репрезентативната пауза денеска се враќаат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига. Во големото градско дерби Работнички во првиот официјален натпревар со новите „газди“ ќе го пречека најтрофејниот македонски клуб Вардар.
„Вардар е најтрофејниот македонски клуб и секогаш ќе имаме максимален респект за овој ривал. Градското дерби секогаш нуди голема борба и допадлив фудбал, така сигурно ќе биде и на утрешната пресметка. Ние сме максимално мотивирани и посакуваме победа. Ќе треба и да се потрудиме да ја оствариме на теренот“, изјави Димитар Тодоровски.
Лидерот Шкендија ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија со домашниот натпревар против АП Брера која по одличниот старт, не може веќе некое време да стигне до триумф. Шкупи како домаќин во Куманово ќе ја пречека штипска Брегалница, а се очекува интересно да биде и во Кратово во мечот меѓу Силекс и Тиквеш, како и во Ѓорче Петров каде домашната Македонија ќе го пречека актуелниот шампион Струга ТЛ.
Колото ќе го заокружи дуелот меѓу новајлиите Гостивар и Воска. Сите мечеви се со почеток во 14 часот.
ПМФЛ – 11. коло
ДЕНЕСКА (14 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ
Куманово: ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА
Гостивар: ГОСТИВАР – ВОСКА
Тетово: ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА
Кратово: СИЛЕКС – ТИКВЕШ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

