Лионел Меси и Интер Мајами со пораз ја завршија сезоната во МЛС лигата во која не успеаја да се пласираат во плеј-офот откако регуларниот дел од сезоната го завршија на 14. место во Источната конференција.
Поразот од 1-0 на гостувањето кај Шарлот е седми меч во серија без победа за нив, иако Лионел Меси првпат после повредата одигра 90 минути за својот клуб.
Клучниот момент се случи во 13. минута кога колумбискиот интернационалец Калдерон Варгас успеа да ја затресе мрежата за Интер Мајами со кој овој тим успеа да обезбеди место во разигрувањето.
Charlotte [1] – 0 Inter Miami – Calderon Vargas 13'
byu/Previous-Success8007 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

