Игор Стојчевски ќе им суди на младите фудбалери на Црвена звезда во Лигата на шампионите

Младиот македонски судија Игор Стојчевски, кој е неполна година на листата на меѓународни судии, е постојано ангажиран од страна на Судиската комисија на УЕФА, која им дава шанса на младите перспективни судии да судат се почесто. Во текот на октомври веќе судеше и ќе суди на три натпревари што е јасен доказ дека има добиено добри оценки од контролорите.

На 8. октомври беше главен судија на средбата во Бугарија во Лигата на европските шампиони за млади екипи меѓу Лудогорец и Динамо Минск (0-2). Му помагаа Слаѓан Марковски и Бранко Путилин.

На 17. октомври го судеше мечот во квалификациите за Европското пренство, играчи до 21 година меѓу Хрватска и Белорусија (2-0). Му помагаа Гоце Петровски и Слаѓан Маркоски, а четврти судија беше Стојанче Трпчевски.

Овој месец доби нова покана од УЕФА, на 25. октомври ќе биде главен судија на натпреварот меѓу младите фудбалети на Лајпциг и Црвена звезда во Лигата на европските шампиони. Помошници ќе му бидат Слаѓан Марковски и Куштрим Лика.

Игор Стојчевски ќе нема одмор овој месец бидејќи Судискиот одбор на ФФМ го одреди за главен судија на скопското дерби меѓу Работнички и Вардар кое се игра денеска од 14 часот. Ќе му помагаат Дејан Димитриевски и Дарко Јовчевски, четврти судија ќе биде Јосип Бартон.

 М.М.

Се вчитува...