Кошаркарот на Партизан, Матеуш Понитка дефинитивно ќе ги пропушти следните два натпревари со Црвена Звезда во Евролигата и АБА лигата. Полскиот кошаркар мора да мирува во следните три недели поради повреда на рамото.
За десет дена се закажани нови прегледи, но веќе е јасно дека црно-белите нема да можат да сметаат на него во следните две вечни дербија во Евролигата (26. октомври) и АБА лигата (30. октомври).
„По прегледот и снимањето на рамото, на Полјакот му беше препорачано да мирува приближно три недели, за се да залечи и болката да исчезне. Но, постои можност периодот на опоравување да биде пократок доколку последователните прегледи покажуваат подобрување, кое ќе биде спроведено во следните десет дена“, пишуваат српските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА