Грчкиот стратег Јанис Сферопулос е нов тренер на кошаркарите на Црвена звезда, објавија „црвено-белите“ на официјалниот веб портал ден по прекинот на соработката со Душко Ивановиќ.
Поранешниот тренер на Олимпијакос и Макаби потпиша двегодишен договор со црвено-белите. Новиот тренер денеска ќе го води тренингот на тимот, а неговото доаѓање може да значи и враќање на Немања Бјелица во црвено-белиот тим.
„КК Црвена звезда Меридијанбет му посакува многу среќа на нашиот нов тренер Јанис Сферопулос, кој веќе во понеделник првпат ќе го предводи тимот од клупата на натпреварот од 4. коло од АБА лигата со ФМП Железник“, се наведува во соопштението на Црвена звезда.
Grk Janis Sferopulos novi je trener KK Crvena zvezda Meridianbet! 🔴⚪️
Nekadašnji trener Olimpijakosa i Makabija potpisao je dvogodišnji ugovor sa crveno-belima.#kkcz #WeAreTheTeam pic.twitter.com/rvO1yRCxpK
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) October 22, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА