Американскиот „телефонист“ го освои својот прв АТП трофеј

Американскиот тенисер Бен Шелтон кој остана запаметен по тоа што на интересен начин со спуштање на телефонската слушалка ги прославува победите стигна до својата прва АТП титула.

Младиот Американец триумфираше на АТП турнирот од серијата 500 што се игра во Токио. Тој во главниот град на Јапонија во финалето славеше над Русинот, Аслан Карацев со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-1.

Со оваа победа тој од понеделник ќе го има и најдобриот ранкинг на АТП листата каде ќе се најде на 14. место.

Се вчитува...