ВИДЕО: Велкоски промаши пенал за Брегалница, Илјази го спаси Шкупи

Брегалница не успеа да реализира пенал на гостувањето против Шкупи во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Откако Грузиецот Робакидзе беше соборен во шеснаесетникот на домашните за оправдано покажан пенал за штипјани, „сините“ не успеаја да валоризираат со погодок од 11 метри за израмнување.

Виктор Велкоски го изведе пеналот, но голманот на Шкупи, Илјази мајсторски одбрани за зачувувањето на водството од 1-0 на својот тим…

Се вчитува...