Само три гола во шесте натпревари по првото полувреме од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Единствено Шкупи со предност од 1-0 против Брегалница на дуелот во Куманово на кој штипјани не реализираа и пенал, како и Струга ТЛ која со 0-2 води на гостувањето против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.
На дуелот кој се игра во Куманово, поради реновирањето на стадионот во Чаир, Шкупи поведе уште во 4. минута со голот на Дарко Илиески.
Брегалница во 33. минута не реализираше удар од белата точка. Откако Грузиецот Робакидзе беше соборен во шеснаесетникот на домашните за оправдано покажан пенал за штипјани, „сините“ не успеаја да валоризираат со погодок од 11 метри за израмнување.
Стружани, пак, до предност од 0-1 во Ѓорче Петров дојдоа со убав гол на Жгуро, кој прецизно шутираше од 15 метри откосо…
A, во 43. минута Мазрекај, по асистенцијата на Радески, зголеми и на 2-0 за Струга ТЛ…
На останатите четири натпревари без голови по првите 45 минути.
ПМФЛ – 11. коло (прво полувреме)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 0-2
Жгуро 8′, Мазрекај 43′
Куманово: ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Илиески 4′
Гостивар: ГОСТИВАР – ВОСКА 0-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ТИКВЕШ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

