Хари Кејн веќе запиша еден рекорд во Баерн Минхен

Англискиот репрезентативец Хари Кејн има неверојатен почеток на авантурата во германскиот шампион, Баерн Минхен. Англичанецот летово пристигна во Баерн од Тотенхем и веќе остави свој белег во клубот од „Алијанц арената“.

Баварците вчера на гости го победија Мајнц со 1-3, а Кејн во 16. минута го постигна вториот гол за гостите. Тоа беше негов деветти гол во осум првенствени натпревари во Баерн, со што стана рекордер во клубот.

Никој пред него не успеа толку брзо да стигне до таа бројка на голови.

Се вчитува...