Навивачите на Шефилд им фрлија столче на фудбалерите на Јунајтед при прославата на победничкиот гол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го победија Шефилд јунајтед со 1-2 во деветтото коло од англиската Премиерлига. Стрелци за Манчестер Јунајтед беа Скот Мектоминај во 28. минута и Диого Далот во 77. минута.

Голот за Шефилд го постигна Оливер МекБурни во 34. минута. Навивачите на домашниот тим беа многу незадоволни, а камерите го снимија моментот кога столче полета кон играчите на Манчестер јунајтед при прославата на победничкиот погодок.

Се вчитува...