Вардар има предност од 0-1 против Работнички во скопската пресметка од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.
На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, црвено-црните до водство дојдоа со голот на капитенот Дарко Мицевски од пенал во 76. минута.
Во шеснаесетникот на домашните Мурати играше со рака по корнерот од левата страна, па „вардарци“ сосема оправдано добија удар од белата точка кој успешно го реализираше капитенот Мицевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

