Најдобриот стрелец во Бундеслигата, Серхио Гираси, ќе ги пропушти следните неколку недели поради повреда на тетивата која ја заработи на натпреварот од осмото коло во Бундеслигата против Унион Берлин.
Штутгарт го совлада Унион со 3-0, а првиот гол на натпреварот го постигна Гираси во 16. минута. Во 30. минута напаѓачот мораше да го напушти теренот. Штутгарт, кој минатата сезона успеа само да опстане во плеј-офот, е на фантастично второ место на табелата во Бундеслигата со 21 бод, додека лидерот Баер Леверкузен има еден повеќе.
Гираси е најдобар стрелец во германското првенство со 14 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

