Шкендија не успеа да дојде до посакуваната победа против АП Брера во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига, притоа и спасувајќи се и од пораз откако гостите од Струмица први поведоа на дуелот во Тетово.
А, токму голот со кој АП Брера поведе на гостувањето против Шкендија е погодокот кој ја одбележа оваа рунда натпревари.
Творец на евро-голот за АП Брера е Бразилецот Лео Антонио кој мајсторски погоди во 75. минута за водство од 0-1 на струмичани. Во 79. минута, пак, Аденис Шаља израмни за конечни 1-1 на дуелот под Шара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

