Илиевски поднесе оставка по поразот од Вардар…, Станиќ привремен тренер на Работнички

Милан Илиевски си поднесе оставка од позицијата шеф на стручен штаб на Работнички, по денешниот пораз од Вардар во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Работнички не ја стартуваше сезоната согласно очекувањата, освојувајќи во 11 натпревари само скромни 13 бода по што, како заокружување и од денешниот пораз од последнопласираниот Вардар, следеше оставката на Илиевски, како што дознава ЕКИПА, веднаш по дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

41-годишниот Илиевски, кој во минатото работеше и како асистент на Игор Ангеловски во стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија, на клупата на Работнички ќе го наследи Горан Станиќ како привремен тренер на „романтичарите“ до официјалното назначување нов шеф на стручниот штаб.

Се вчитува...