Стојанче Стоилов повторно во дресот на Вардар за дербито против Е. Пелистер

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Е. Пелистер во 18 часот во „Боро Чурлески“ во Битола ќе го пречека најтрофејниот Вардар во второто суперлигашко „Ел-класико“ во новата сезона во мак-ракометот.

Вардарци бараа овој меч да биде одложен поради вирозата која го нападна двократниот европски шампион, но нивното барање не беше прифатено од големиот ривал. Поради големите проблеми кам-бек на терените ќе има Стојанче Стоилов кој се најде на официјалниот список за овој меч.

Легендата на Вардар ќе им помогне на своите соиграчи во второто лигашко дерби за оваа сезона.

 

Се вчитува...