Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ го доживеаја првиот пораз во новата сезона во руската кошаркарска ВТБ лига.
Во натпревар од четвртото коло Димитријевиќ и соиграчите изненадувачки загубија на гостувањето кај Самара со 104-93. Иако актуелниот шампион имаше предност на полувреме од 48-50, домашните одиграа неверојатно второ полувреме во кое дојдоа до голема победа над фаворитот.
Димитријевиќ беше еден од најдобрите поединци во тимот на поразените завршувајќи го натпреварот со 14 поени и шест асистенции. Кај победникот Џастин Робертсон постигна 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА