Најголемото дерби на грчкиот фудбал меѓу Олимпијакос и Панатинаикос беше прекинато во 53. минута откако играчите на гостинската екипа демонстративно го напуштија теренот.
По тешката повреда на резервистот на Панатинаикос Хуанкара со петарда, гостите заминаа во соблекувалната, по што беше прекинато дербито од 8. коло од грчката Суперлига. Шпанскиот фудбалер се загревал со соиграчите во близина нааут линија кога експлодирала петарда и го повредила. Хуанкара со медицинско возило го напушти стадионот во Атина.
„Зелените“ гледајќи дека шпанскиот дефанзивец долго лежи на земја и заминува на носилки, решија да го напуштат теренот во 53. минута. Во моментот на прекинот резултатот беше 1-1. ПАО поведе со голот на Јоргос Вајанидис во 28. минута, а Меди Камара го израмни резултатот на 1-1 во 48.
Πραγματικά ντροπή! Πρέπει να σταματήσει αυτό με τις κροτίδες,ελπίζω να είναι καλά ☘️#paofc pic.twitter.com/Y114cNI5ls
— Ice Queen (@R_geo7) October 22, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА