Вардарово селфи: Секогаш верувајте на тим што остава срце на терен

Ракометарите на Вардар загубија во дербито на гостувањето кај Еурофарм Пелистер од 29-25, но ја задржаа предноста од пет голови од првиот натпревар одигран во Скопје.

Иако има уште многу да се игра сезонава во домашниот шампионат тој еден погодок може да биде клучен на крајот во битката за титулата. И покрај проблемите со вирозата и големата негатива која во еден момент изнесуваше и девет разлика, на крајот вардарци успеаја да стигнат до пораз од само четири гола.

„Секогаш верувајте на тим што остава срце на терен“, напиша Борко Ристовски на својот инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Borko12Ristovski (@borko12ristovski)

 

Се вчитува...