Португалецот Жозе Мурињо на мечот против Монца се однесуваше неспортски и нималку витешки, поради што главниот судијата во финишот му додели црвен картон и му го покажа патот до соблекувалната.
Тренерот на Рома се сврте кон гостинската клупа и направи плачлив гест по голот на Ел Шарави за „римската волчица“ во 90. минута кој значеше победа. Интересно е што по мечот Мурињо изјави дека нема поим зошто е исклучен бидејќи, како што додаде, никого не навредил.
🇵🇹 José Mourinho just got sent off for doing this at the opposition bench, minutes after his team got a 90th minute winner.
😅 Vintage José…#ASRoma | #SerieATIM pic.twitter.com/cZ0Q0iakC8
— The Sportsman (@TheSportsman) October 22, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА