Фудбалерите на Барселона стигнаа до тешка победа на домашен терен против Атлетик Билбао од 1-0 во еден од најинтересните натпревари од 10. коло од новата сезона во шпанската Ла лига.
Како и секој натпревар меѓу овие два тима и овој донесе многу тензија и спорни ситуации, но на крајот навивачите на каталонскиот клуб овојпат го слават младиот Марк Гују. 17-годишниот фудбалер во игра влезе во 79. минута, а само една минута подоцна го постигна својот прв погодок со кој и донесе победа на Барселона од 1-0.
Barcelona [1] – 0 Athletic Club – Marc Guiu 80’
byu/MarcoRuss insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА