Хамилтон и Леклер дисквалификувани по Големата награда на САД

Луис Хамилтон и Шарл Леклер се дисквалификувани по големата награда на Соединетите американски држави. По трката во Остин, техничкиот тим на ФИА установил неправилности во нивиот болид.

Хамилтон извозе одлична трка во која му задаваше проблеми на Макс Ферстапен до самиот крај, додека Леклер кој започна од првата позиција потфрли и на крајот заврши како шестти.

Дисквалификацијата на Хамилтон го носи Норис на второто место, а на подиумот место има и за Саинц. Бодови ќе освојат и двата болида на Вилијамс. Албон е деветти, а Сарџент десетти што за него се први поени во Формула 1.

Се вчитува...